Восокот веднаш по лачењето се стврднува и е бел по боја. Меѓутоа восокот во саќе преминува во жолта, а понекогаш во портокалова или зеленкаста боја, зависно од поленот кој го внесуваат пчелите работнички.
Кога саќето се користи подолго време, поготово во плодиштето и од него се имаат изведено неколку генерации пчели тоа поцрнува, ќелиите стануваат се помали и самото саќе станува се потешко.Квалитетот на восокот зависи најмногу од староста на саќето.
Колку е саќето помладо, восокот е поквалитетен и обратно.
Восокот се топи на температура од 64 степени целзиусови. Неговата специфична состојба на температура од 20 степени целзиусови изнесува 0.958.